Скопјанец е упасен во Тетово откако ја претепал сопругата од која се разведувал – соопшти МВР.
“На 17.01.2020 во 18:20 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.П. (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ врз својата сопруга. Со неа бил во бракоразводна постапка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.