Маж се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира МВР, синоќа во 00:45 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „даеву тико“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Л.Г. од Скопје и патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистаски ознаки, управувано од 39-годишниот М.С. од Скопје. Во незгодата М.С. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.