Вистинска драма се случува утрово во близина на трговскиот центар „Мавровка“, каде маж се заканува дека ќе скокне од зграда. Репортерите на „Коха“ од местото на настанот известуваат дека скопјанецот поради развод од сопругата се качил на кров од зграда кај споменикот Скендербег и се заканува дека ќе скокне.
Мажот виси од терсата. Пожарникарите и полицајците се обидуваат да го спречат. До него, на истата тераса, е обесено и албанско знаме. Од горе, фрлал со шишиња и шипки по пожарникарите, па го оштетил и душекот за спасување.
Екипи на полицијата, пожарна и Брза помош се на местото на настанот. „Коха“ го пренесува настанот во живо на „Фејсбук“, а во моментот повеќе од 600 лица го следат текот на настаните
Следете во живо на линкот: Коха