Вработен во критична инфраструктура пред три недели заминал во салата Борис Трајковски да се вакцинира против коронавирусот за првпат. Меѓутоа, кога го добил вакциналниот картон, му станало јасно дека всушност му е вбризгана втората доза од вакцината Спутник В, односно ревакцината, а не првата доза како што требало.
Како што раскажува неговата снаа за „Слободен печат“ инсистирајќи на анонимност, сега не му е јасно дали вакцинацијата за него ќе биде успешна, дали ќе има здравствени последици поради тоа што е измешан редоследот на дозите и бара Министерството за здравство на писмено да му гарантира дека се со него ќе биде во ред. Со такво барање се обратил во службите на Министерството за здравство, со допис, кој му бил примен и заверен со архивски број, меѓутоа одговор на дописот нема.
„Првата и втората доза на Спутник V, односно вакцината и ревакцината се разликуват меѓу себе и содржат различни вектори. Затоа, не знае дали ќе му биде добро, дали да оди во понеделник да ја прими другата доза, со оглед на тоа дека првиот пат прими доза во погрешен редослед“, истакнала неговата снаа.
Од Министерството за здравство признаваат дека е направена грешка, а како што велат оттаму, скопјанецот ќе се ревакцинира со првата доза.
Текстот во целост на: Слободен печат