Скопската полиција трага по познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, дознава НетПрес од извори од Министерстово за внатрешни работи.
Според првичните неофицијални информaции, сопственикот на „Фершпед“, исчезнал пред неколку часа, а исчезнувањето го пријавило неговото семејство.
Пред девет години Штерјо Наков се повлече од позицијата генерален менаџер на „Фершпед“ по 20 години на чело на најголемата шпедитерска компанија во земјата, чијашто приватизација беше изведена во 1990-те години.