Трагедија денеска го потресе регионот. На 50-годишна возраст почина познатиот актер Бојан Лазаров, а како што дознаваат српските медиуми тој се самоубил скокајќи од мостот Ада.
Лазаров долго време се борел против депресија, а веќе имал еден неуспешен обид да си го одзеде животот пред две години. Позади себе остави две деца.
Освен по улогите во матичниот театар „Душко Радовиќ“, публиката го препознава и по филмовите „Смрт човека на Балкану“ и „Београдски фантом“, како и по телевизиските серии „Државни службеник“ и „Ургентни центар“.
Неговите колеги со неверување ја примија тажната вест. Меѓу нив и Слобода Миќаловиќ со која играше во серијата „Тајна винове лозе“. Таа објави фотографија со него и напиша „Боки“ со тажен емотикон.
Лазаров е роден 1972 година Актерката Јелена Ѓокиќ на својот Инстаграм профил ја објави тажната вест за неговата смрт и се прости од него.
За жал, неговата плодна кариера е засекогаш завршена, а иако е познат неговиот актерски живот, ретко кој ги знаеше неговите приватни проблеми.