Глумицата Скарлет Јохансон, во подкастот Armchair Expert призна дека не си го сака гласот кога треба да одглуми оргазам. Таа откри дека нејзиниот коелега, глумецот Хоакин Феникс избегал од студиото кога го снимале за филмот Her, затоа што му паднало незгодно кога ја слушал.
„Се обидовме оддеднаш да ја снимиме целата сцена, но одднеднаш се вознемири и го напушти студиото затоа што му требаше одмор“, рече Јохансон.
Го филмот Скарлет ја глуми Саманта, телефонска оперативка, како Сири, во која ќе се заљуби ликот на Феникс, Теодор. Во еден дел Саманта ќе доживее виртуелни оргазми, кои судејќи според реакцијата на Феникс ќе бидат реални, односно громогласни. Наводно на глумецот му станало толку незгодно, што изегал од сетот и ги замолил другите за пауза.
„Мене ми беше добро, но, на Хоакин не баш. Беше вознемирен. Си замина од студиото и остана сам во боксот. Му велев дека не можам сама и дека треба да се врати. Му требаше одмор и направи пауза па се врати“, рече Скарлет.
„Дефинитивно не сакаш да слушнеш како звучиш кога доживуваш оргазам, но, не сакаш ни да слушнеш како звучиш кога имаш лажен оргазам“, додаде глумицата.