Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!!!.
Со вакви погрдни зборови спикерот на Собранието Tалат Џафери им се обраќа на службениците.
Аудио снимката е објавена на социјалните мрежи и во медиумите.
Дел од коментарите на граѓаните за оваа недолична постапка на спикерот се: „Вака утре од дома ќе почнат да ве бркаат, кај да е“. -„Да се знае кој е крал на државата“-„ Од која планина е слезен што се дере така и ги брка луѓето, на овој му требаат сто овци не да седи во фотелја,маме и расплакаа на Македонија.“- „Ужас, ужас“…