Четворицата фудбалери на Премирлигашот Брајтон: Паскал Грос, Шејн Дафи, Леандро Тросар и Алиреза Јахнабакш биле снимени како “дуваат“ во балони на зимските подготовки во Шпанија. Наводно, тие дувале балони во кои се наоѓал гас за смеење.
Инаку, вовлекување на гас за смеење може да биде отровен, а носи и ризик за иритација на очи, оштетување на дробовите и несвестица. Популарен е кај англиската младина, а последен кој јавно дуваше беше Рахим Стерлинг кој беше критикуван од медиумите.
-Интерно ќе го решим овој инцидент, – изјавил портпаролот на Брајтон.