СВР Штип поднесе кривична пријава против М.П. (30) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”.
На 31.01.2023 во спортска сала во Свети Николе, за време на тренинг на ракометен клуб, пријавениот како тренер во клубот физички нападнал малолетник од Свети Николе, кој тренирал во клубот.