Откако во јавноста почна да кружи видео со порнографска содржина со советникот на ПДП, Иван Бегиќ, тој проговори за тоа, велејќи дека извесно време бил уценуван, поради што му се влошило психичкото здравје, објави босанскиот медиум „Кликс“.
Станува збор за видео кое не го објави ниту еден медиум во Босна и Херцеговина, но е испратено до многу новинари и јавни личности. Ова видео од утрово кружи во приватните разговори на Вајбер, Месинџер и други апликации за комуникација и е доказ за сајбер-малтретирањето како оружје за победа и на политичката сцена.
Бегиќ реши за проговори за сѐ, свесен дека видеото наскоро би можело да биде објавено на интернет.
– По месеци уцени, психичко малтретирање и закани, денеска беше објавено моето приватно видео кое преку партиските бази на нашите противници се испраќа до граѓаните и се шири на социјалните мрежи. Поради истото видео од мене побараа половина милион КМ. Поради сето тоа денеска повторно сум кај психијатар и не се чувствувам добро, рече Бегиќ.
Тој вели дека за валканата игра на политичките противници говори и тоа што видеото им било испратено на неговите родители чија здравствената состојба била сериозно нарушена.
– Иако верувам дека секој има право на приватен живот, јас сум свесен за одговорноста што ја имам како јавна личност, затоа се повлекувам од политиката, го предавам мандатот на советниците и ја напуштам ПДП , рече тој.