Голем скандал во женскиот фудбал во Африка. Селекторот на женската фудбалска репрезентација за Замбија, Брус Мвапе, е обвинет за сексуално злоставување на фудбалерките, а случајот го испитува и ФИФА.
Дел од фудбалерките го обвиниле селекторот дека ги терал да имаат сексуални односи со него доколку сакаат да го задржат местото во националниот тим.
Претседателот на ФС на Замбија, Ендрју Каманга потврди дека обвинувањата се проследени до ФИФА и до замбиската полиција уште минатата година и дека тоа е стара приказна. И ФС покренал своја истрага не наведувајќи имиња на тренери во тоа време.