Австралијанецот Сајмон Доранте Деј тврди дека е незаконски син на британскиот принц Чарлс и неговата денешна сопруга, Камила Паркер Буолс.
Тој веќе се нарекува принц Сајмон и сака да направи ДНК анализа и да го заврши 40-годишната потрага. Тој е роден во 1966 година во Хемпшир.
Ако се обистинат овие информации, тој е зачјнат во 1965 година, кога Чарлс имал 17 а Камила 18 години. Тоа ја руши и официјалната верзија на Чарлс и Камила за љубовната приказна, според која се запознале во 1970 година.