Италијанската актерка во филмовите за возрасни Евелин Делај (28), во текот на емисијата „Non e L’Arena“, на италијанската телевизија, изјавила дека актуелниот белгиски премиер Александер де Кро ѝ нудел 4.000 евра за два часа услуга.
Делај во оваа прилика ги покажала пораките кои тие двајца наводно ги разменувале на „What’s App“.
Допишувањето, според нејзините зборови, започнало во 2019 година во времето кога Кро бил на функција претседател на владата и министер за развојна соработка.
„Ме праша да се најдеме на 14 ноември 2019 година, меѓутоа, поради околностите бев принудена да одбијам. Сè до неодамна всушност не знаев кој е Кро сè додека еден филмски продуцент од Белгија не ми укажа на тоа дека е премиер“, изјавила Делај и признала дека Кро повеќе не се јавувал откако станал премиер во 2020 година.
Делај изјавила и дека ѝ е искрено жал што не успеале да се сретнат.
Инаку, Александер де Кро (46) е оженет и има две деца.
Eveline Dellai exclusief op Italiaanse media en exclusief met MV in België! Deel 1. pic.twitter.com/x6BjoVjzaC
— MediaVakker (@mediavakker) May 2, 2022