Поранешната плејбој зајачица Мариса Папен повторно се соблече гола на јавно место. Откако пред два месеци во Истанбул, кај најпознатата тамошна џамија Аја Софија, Мариса ја подигнала бурката и ја открила нејзината интима, сега позираше гола сред Ватикан. На едната фотографија гола преминува на пешачки премин носејќи дрвен крст, на втората исто така без облека седи на Библијата.
Поради скандалозниот перформанс младата Белгијка и нејзиниот фотограф Џеси Вокер, завршиле во притвор. Сепак, после десет часа биле ослободени.
Инаку, Мариса Папен може да се пофали со фотографии од 50 земји каде позирала гола, меѓу кои и пред пирамидите во Гиза во Египет, како и пред Ѕидот на плачот во Израел.