Ричард Кис, познатиот спортски коментатор, последните денови е ударна вест во британските медиуми.
Минатиот викенд Кис договори свадба со својата избраничка Луси. Луси е 32 години помлада од него и била најдобрата пријателка на неговата ќерка Џема. Ричард предвреме ја напуштил сопругата Џулија, која со години се бори со опасна болест, со која беше во брак 36 години.
Кис работел како коментатор во Премиер лигата за Sky Sports до 2011 година. Потоа доби отказ поради сексистички коментар за една од ретките судијки во Премиер лигата, Сиан Мејси-Елис.
Но, тој не остана без работа. Се преселил во Катар, каде што работел за Беин.
Ричард бил обвинет за неверство од неговата сопруга Џули уште во 2016 година. Решил да ја остави, иако седум години се борела со ракот. Две години подоцна тој за прв пат бил виден во јавноста со Луси. Венчавката била планирана, но ситуацијата со Ковид ги променила плановите, па свадбата се одржала дури минатиот викенд.