СКАНДАЛ: Опремата на младата фудбалска репрезентација заробена од шпанската царина

by Тони Зографски

Скандал околу настапот на младата репрезентација до 21г. пред  следните квалификациски дуели за ЕП со Шпанија и Фарски Острови.   Избраниците на селекторот Благоја Милевски се најдоа во тешка ситуација и останаа без важни тренинзи за предизвиците што ги очекуваат.

“Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и сеуште не е ослободена.  Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина.  Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење / подигнување опрема.  ФФМ нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење / подигнување на опрема. Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија“ – информира портпаролот на ФФМ Златко Андоновски и додава:
“Техничкиот менаџер на репрезентацијата синоќа до 23:00 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена.
И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање“.

Инаку, македонската млада репрезентација на 14-ти ноември треба да игра квалификациски натпревар со Шпанија, а на 19.11 гостуваме на Фарските острови.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com