Иако алкохолот во умерени дози може да го подобри расположението на прославите, тој исто така може целосно да го уништи и да биде извор на сериозни срамови
Невестата и младоженецот максимално ја задржуваат својата присебност, најмногу поради адреналинот, но роднините и гостите обично знаат да направат вистински хаос!
На форумот Мумснет луѓето ги открија најлошите ситуации кои ги виделе на разни свадби. Нивните приказни се шокантни, а тие варираат од кумови кои несоодветно ги грабнале за задникот деверушите, па дури и невестата, па се до ужалените родители…
Сигурно ситуации кои младенците не ги ни замислувале на својата свадба. Една од најстрашните ја сподели читател од Америка, а еве како ја опишала ситуацијата на која била сведок… Се работи за мајката на невестата.
„Жената толку се опијани што почна да мокри во гаќите. Еден од нејзините синови мораше да ја однесе во собата да се пресоблече, а сите видоа што се случило“, напиша таа и додаде дека младенците биле очајни и дека го совладуваат шокот.
Инаку, на овој форум се појавуваат и организаторите на прославата кои ги споделуваат своите неверојатни приказни. Според нив, голем број прослави завршуваат со масовни тепачки, а за сѐ е виновен секако алкохолот.