Натпревар за убавина во Бразил бил откажан откако лут сопруг скокнал на сцената и ја скршил победничката круна. На натпреварот LGBTQIAP+ наречен Мис Геј Мато Гросо 2023 година, победил Емануели Белини, но еден човек од публиката ја расипал победата.
Локалниот медиум О Глобо објави дека сопругот на првата вицешампионка се качил на сцената, ја зел дијадемата и ја фрлил на подот пред Белини да ја стави на глава. Организаторот на натпреварот Мелоун Хениш рекол дека човекот не мисли дека изборот бил фер.
„Најостро го осудуваме инцидентот што се случи во моментот на крунисувањето. Изборот на жирито беше фер и сочувствуваме со избраната мисица, како и со второпласираната бидејќи таа не е одговорна за лудите ставови на нејзиниот сопруг“, рекол Хаениш.
Освен инцидентот, овогодинешниот натпревар го одбележал и учеството на Даниела Аројо Гонзалес, која влегла во историјата како првата трансродова жена која се натпреварувала за титулата Мис Универзум Порториканка.
https://twitter.com/i/status/1663179403994583041