На ИТФ турнирот во Акра се случи инцидент кој ја шокираше јавноста ширум светот. Сведоци сме дека во последно време има се повеќе инциденти на тениските терени.
Овој пат Рафаел Ни Анкра го победи Микел Куам со 2:1 во сетови, но мечот го одбележа невиден скандал за кој зборува цел свет.
Имено, по натпреварот и двајцата тенисери дојдоа до мрежата за да се поздрават. Во тој момент Анкра му ја подаде десната рака на противникот, и му удри шлаканица со левата рака, а неколку моменти подоцна настана првиот хаос.
Екипите на младите тенисери влегоа во конфликт, а како тоа изгледаше, погледнете во приложеното видео:
Cenas lamentáveis em torneio juvenil em Accra, Gana pic.twitter.com/Jw3zWzd5nf
— Site Tenis News (@tenisnewsbrasil) April 5, 2022