Во Италија, имаше уште една грешка во системот на давање вакцини за коронавирус, кога на студентка од Тоскана и беа дадени четири дози вакцина „Фајзер“ одеднаш.
Според нејзината мајка, таа ја поминала ноќта под опсервација во болницата. Девојката, иако испила неколку литри вода, сепак имала чувство на сувост во устата, па семејството побарало дополнителни тестови, пренесува италијанската „Republica“.
Состојбата на девојчето ќе ја следи институтот Марио Негри во Милано, како и Кареди од Фиренца, кој секоја недела ќе прави крвни тестови на девојката.
Како што се наведува, дехидрираноста е нешто неочекувано за вирусолозите, но се надеваат дека нема да има посериозни последици.
Она што е невообичаено, се наведува во трудот, е дека младата жена, според вирусолозите, ќе мора повторно да се вакцинира, бидејќи отстапувањето од препорачаната доза го откажува производството на антитела.
„Втора“ доза на вакцината ќе треба да ѝ биде дадена и на друга девојка, исто така од Италија, на која случајно и биле инјектирани шест дози вакцина „Фајзер“. Така стана светски феномен затоа што никој досега не добил толку дози одеднаш.