Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека еден лекар го искористил своето влијание за да ги протурка членовите на семејството да бидат меѓу првите што ја примиле вакцината.
Први на списокот за примање на вакцината во таа земја се здравствените работници.
Лопез Обрадор рече дека влијанието на лекарот да дојде до вакцините го нарекол „неморално“, објави „Гардијан“.
Тој не прецизираше какви мерки може да се преземат против инволвираните лица и кои сè уште не се идентификувани, но рече дека случајот е под истрага и дека ќе има казни.
Стручњаците се загрижени дека поради вакви случаи, поради корупција и фалсификат може да пропадне вакцинациската програма во Мексико.
Досега во мексико стигнаа 50.000 вакцини од „Фајзер“, што ни од далеку не е доволно за ,4 милиони здравствени работници, иако се очекуваат уште стотици илјади во следните недели.
„Семејство кое не беше на списокот за вакцинирање дојде на местото за вакцинација и прими вакцина „Фајзер“, рече Лопез Обрадор и додаде дека станува збор за лекар, сопруга и една или две ќерки.