Поранешниот партнер во двојки на Роже Федерер, Ив Алегро, кој воедно е близок пријател на швајцарскиот тенисер, е обвинет за силување!
Алегро (41) е обвинет за силување на девојка во 2014 година во Естонија од неименуван австриски тенисер. Тој тогаш беше вработен како тренер во Тениската федерација на Швајцарија. Во обвинението се тврди дека Алегро бил во алкохолозирана состојба поради што две девојки морале да избегаат од него и да го напуштат клубот во кој биле.
Девојката која го пријавила силувањето, го обвини Алегро дека тој „не бил џентлмен“, а подоцна изјави „дека била принудена да има секс со него“. Девојката завршила со тешки повреди на телото, отоци и гребнатини.
А медицинскиот извештај ја потврдил приказната на тенисерката. Од друга страна одбраната ги негира обвинувањата и мирно го чека судењето закажано за 9. декември. И покрај обвинувањата, Алегро се уште работи во Тенискиот сојуз на Швајцарија.
Федерер и Алегро имаат освоено две титули во двојки и тоа во Виена 2003 и во Хале 2005 година.