Невиден скандал го потресе англискиот „Premiership“ откако се појавија снимките од англискиот судија Дејвид Кут на Европското првенство кое се одржа ова лето.
Најпрво пред неколку дена се појави снимка на која Кут зборува лошо за Ливерпул, и за поранешниот тренер на клубот Јирген Клоп, а сега се откри дека во тие моменти судијата бил под дејство на дрога.
Имено, „The Sun“ објави видео на кое се гледа како Куте консумира дрогата, односно користејќи банкнота тој шмрка бел прав од масата кој наликува на кокаин.
Потоа судијата разговара со личноста која била со него во собата и притоа го нарекува Клоп „германски кретен“.
Видеото кое го објави „The Sun“ можете да го погледнете на овој линк, а било снимено на 6 јули, ден по четвртфиналната пресметка помеѓу Шпанија и Германија на ЕП, каде Кут работеше како помошен судија во ВАР просторијата.
На снимката може да се види дека на масата до белиот прав се расфрлани и кутии со лекови, кредитна картичка и романот на Тери Хејс „Година на скакулецот“. Се верува дека судијата се снимал себеси во неговата хотелска соба финансирана од УЕФА, а која ја користел за време на првенството.
https://twitter.com/i/status/1856785580215922710
Кут (42) беше суспендиран од ПГМОЛ, управното тело за професионални судии во Англија, откако се појави видеото на кое тој ги навредува Клоп и Ливерпул.
Сега се очекува тој да поднесе оставка, а најверојатно никогаш повеќе нема да го видиме на фудбалскиот терен.