Додека граѓаните на Швајцарија ги повикуваат на социјално дистанцирање и почитување на рестрикциите поради пандемијата, пратеници од швајцарското Собрание по седница се собраа во ресторан.
По 14-часовна седница на тема – мерки за надминување на кронавирусот, пратениците се „опуштиле“ во ресторан на Саемот, пишува „Блик“, а пренесуваат и други медиуми.
Кога околу 23.30 часот дошла полицијата и ја прекинала „журката“, во ресторанот имало помеѓу 50 и 100 пратеници. Весникот пишува дека полицијата не им изрекла никакви казни.
Лидерот на Народната Партија, Герхард Фистер, рекол политичарите мора да бидат пример за граѓаните.
-Зошто да бараме граѓаните да почитуваат одредени мерки кога и самите не ги почитуваме – рекол Фистер.