Пратеникот од ромското национално малцинство во хрватскииот Сабор, Вељко Кајтази, објави дека болницата во Чаковец, заедно со претставници на округот Меѓумурје, ги прикриле фактите и ја измамиле јавноста за првороденото дете. Тој тврди дека го игнорирале првороденото бебе и не кажале дека е Ромче. Сепак, во медиумите и на официјалната страница на канцеларијата на градоначалникот на Фејсбук, се објавени фотографии со родителите и детето родено подоцна.
– Се прашуваме зошто се сокриени информациите за првото родено Ромско дете и зошто ова семејство е прескокнато во традиционалните извештаи во медиумите за првородените деца? Дали се плашите од ксенофобични реакции на луѓе на кои не би им било пријатно да слушнат информации за првородено Ромско дете? Дали има елементи на дискриминација и кршење на човековите права во вакви и слични ситуации ?, вели парламентарецот Вељко Кајтази.
Во меѓувреме, пристигна извинување од болницата во Чаковец, чиј директор потврди дека првото дете во установата родено оваа година е навистина Ромче.
-Многу ми е жал, што се случи таква грешка. Болничкиот и здравствениот систем се многу големи и тие можат да преземат одговорност за сè, но тие не можат да се согласат на каква било дискриминација. Секојдневно се грижиме за сите наши жители и многу ми е жал за тоа што се случи. Мислам дека е човечки да се прават грешки и, но и да се извинат, како што направивме вчера. Бевме со дамата и детето, се извинивме и човечки е да простуваме , рече директорот на болницата.
Тој додаде дека мајката и бебето се чувствуваат добро и не се навредени за грешката што се случила.
Според него, грешката се должи на фактот дека медицинскиот тим интервенирал за породувањето на Ромката надвор од болицата, така што обично се донирало бебето кое за прв пат се родило во породилното одделение.