Министерката на француската влада за социјална економија Марлен Скијапа се нашла на удар на критики од членови на својата партија откако се појавила на насловната страница на списанието „Плејбој“.
Скијапа, која е министерка во француската влада од 2017-та година, се појавила на насловната страна на списанието за кое дала интервју на 12 страници за правата на жените и ЛГБТ лицата.
Француската премиерка Елизабет Борн ја критикувала Скијапа поради насловната, велејќи дека тоа не е соодветно, посебно во текот на овој период, извести „BFMTV“ во саботата, повикувајќи се на извор близок до премиерката.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен застанал во одбрана на Скијапа во интервју за францускиот канал „CNews“ во неделата, нарекувајќи ја жена со карактер.
Сакам да кажам дека Марлен Скијапа е храбра политичарка која има свој карактер и која има свој стил што не е мој, но го поддржувам, рекол Дарманен.
Скијапа е долгогодишен заговорник на женските права и именувана е за прв министер за родова рамноправност во Франција во 2017-та година.
Во текот на нејзиниот мандат, усвоен е нов закон против сексуално вознемирување кој овозможува изрекување на парични казни на самото место за мажи кои довикуваат, малтретираат или следат жени на улица, пренесува „Tanjug“.