Во едно училиште во рускиот град Астрахан се случил скандал откако се појавија информации дека наставничка по биологија (35) имала секс со ученик од деветотто одделение, пренесуваат руските медиуми. Истовремено се појави и видео од училницата, на кое наводно ги има ученикот и наставничката.
Според руските медиуми, ученикот со снимката се обидел да ја уцени наставничката Екатерина Савинов.
Училишното раководство одбива да ја коментира својата поранешна колешка, додека учениците велат дека не ја познаваат, како никогаш претходно да не им предавала.
Откако се појавило видеото на социјалните мрежи, директорот на училиштето поднел оставка, а наставничката добила суспензија.
Отворена е истрага за да се утврди автентичноста на снимката и дали на него е дотичната наставничка.
Она што е особено интересно е тоа дека наставничката која е обвинета дека имала секс со ученикот, минатата година освоила неколку награди, а меѓу нив и за „наставничка на годината“