Навивачите на албанската фудбалска репрезентација на натпреварот од Лигата на нации против Израел на трибините покрај картата на Голема Албанија закачија навредлива парола.
Имено, тие развиорија знаме инспирирано од познатата серија Симпсонови, во која ликот од серијата додека гледа телевизија носи бела капа на главата, кече, на која се гледа како водителот Кент Брокман чита вести.
Зад него стои знамето на Голема Албанија и натписот „Соединетите држави на Албанија“.
Дополнително, над знамето е објавен и стихот „Besa – besë, besën ta kam dhanë“, од песна што ја пееја озлогласените борци на ОВК под името „Besa – besë“, што грубо значи „Дадовме ветување“.
Инаку, Израел победи со 2:1.