Ѓоковиќ, кој има 18 гренслем-титули, пред неполни две недели го надмина Роџер Федерер и стана најдобар на сите времиња по број на поминати недели на првото место на АТП, па по доаѓањето во Белград, српската ѕвезда направи голема забава по повод својот рекорд.
Шчекиќ, сега открила за таблоидот „Свет“ дека добила понуда да биде девојката што ќе му го претвори идиличниот семеен живот на Ноле во пекол. Планот бил да го намами Ѓоковиќ и целата секс-афера да биде снимена, а потоа пуштена во јавност. За ова требало да ѝ платат помеѓу 50 и 60 илјади евра.
„Вистина е дека му се местеше афера на Ноле. Еден човек ми се јави, тој е од Белград и го познавам, мислев дека станува збор за сериозен менаџер. Кога ме исконтактира, мислев дека ме бара за сериозна работа, за сминање на реклама или за фото-сесија. Кога почна разговорот, кога ми го кажа планот, прво помислив дека станува збор за скриена камера, почнав да се смеам… Ми делуваше само на шега, ама всушност ама не било тоа. Навистина спремале пеколен план. Ми рекоа да го однесам Новак некаде на интимно место и сето тоа да биде снимано“, открива Наталија.
Таа посочува дека ја одбила понудата, со надеж дека луѓето што ја контактирале не нашле друга девојка.
„Понудата беше 50 до 60.000 евра и патување од соништата по мој избор. Но, сето тоа беше навредливо за мене. Јас не сум таква девојка, не сум спонзоруша или проститутка. Можам само да змислам што ќе се случеше, ако такво видео излезеше во јавност. Ќе настанеше тотален хаос. Ѓоковиќ не заслужува вакви местенки во сопствената држава“, потенцира Шчекиќ.
На ова сведочење на Шчекиќ, за таблоидот дека му се спремала афера на Ѓоковиќ потврдил и анонимен извор, кој тврди дека „налогодавачот“ е од Велика Британија.
„Белграѓанецот кој требал да ја среди работата е човек кој многу патува и има многу контакти. Тој добил ‘понуда’ од Британија, од каде некој сака(л) да му го урне имиџот на Новак. Требаше само да се најде секс-бомба која ќе го легне Ѓоковиќ, ама по се изгледа планот не се остварил. Наводно, организаторот на ова имал премалку денови за да го оствари планот, зашто налогодавачот му дал прекраток рок“, посочил изворот.