Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето, предизвика скандал синоќа во Катар поради инцидентот кој се случил после натпреварот Бразил – Јужна Кореја.
Сегашниот прв човек на камерунскиот фудбалски сојуз се фотографираше со навивачите, но ситуацијата излезе од контрола кога Ето најпрво влезе во вербален дуел со еден камерман, а потоа со колено удри момче кое снимаше.
И натаму нема детални информации како дојде до физичката пресметка, иако во прв момент се чинеше дека се е во ред, и кое е лицето кое во тој момент ја снимаше камерунската ѕвезда.
[VIDEO] Samuel Eto’o golpea peligrosamente a una persona al final del partido entre Brasil y Corea https://t.co/smWcShJBYE pic.twitter.com/aXacvIHIdM
— La Opinión (@LaOpinionLA) December 6, 2022