СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА: Олимписка шампионка била силувана

by Тони Зографски

Софија Бекатору е една од најуспешните спортистки во Грција, а минатата недела обвини неименуван спортски работник за напад врз неа во 1998 година за време на подготовките за Олимписките игри во Сиднеј.

Шампионката во едрење од Атина и четирикратната светска шампионка во класа 470 додаде дека била малтретирана од неименуван член на федерацијата, а по тој повод  зборуваше за тоа за прв пат пред државните органи, a ја прими претседателката на државата, Катерина Сакеларопулу.

„Се надевам дека ова ќе им помогне на другите жени да зборуваат за нивните сексуални злоупотреби за да може нашето друштво да стане поздраво и за да има помалку страв“, кажа олимписката шампионка.

Инаку, познатата спортистка имала 21 година во времето на страшните настани и не сакала да зборува за тоа веднаш затоа што, според сопственото признание, се плашела дека ситуацијата може да и стави крај на нејзината спортска кариера, бидејќи тој во тоа време бил „многу моќен човек во Грција“ ”

Според неа, „водењето љубов во споменатиот случај не било договорено дело“ што Софија Бекатору се обидела да му ја соопшти на човекот кој ја нападнал.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com