СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА: Разголена манекенка стана почесен конзул (ФОТО)

by Тони Зографски

Сите бугарски медиуми овие два дена реагираат на потврдата од бугарската влада нов почесен конзул на Јужна Кореја во оваа земја да биде Виолета Сечкова, бивша разголена манекенка и водителка и сопруга на бизнисмен кој се дружи со премиерот Бојко Борисов.

Со именувањето на манекенката за конзул, според тамошните медуми, сопругот  Александар Сталијски и седум членови од нивното поблиско семејство добиваат имунитет и дипломатска заштита за имотот.  Александар Сталиски, според бугарските медиуми, бил еден од најголемите инвеститори во банкротирана корпоративна комерцијална банка. Сечкова треба да биде почесен конзул за Пловдив, а да биде уште поинтересно почесен конзул на Ирска е и бившата партнерка на премиерот Цветалина Бориславова.

-Трикот е дека семејствата, имотите – домовите, канцелариите, автомобилите на почесни конзули сетретираат како странска територија и тие имаат имунитет за претрес од страна на бугарските власти.  Инаку зошто би им била потребна ваква функција, особено два месеци пред изборите? – коментира еден од медиумите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com