Мет Ханкок, британскиот министер за здравство, призна дека ја прекршил мерката физичко растојание, откако во медиумите се појавија фотографиите на кои тој се бакнува со својата колешка Џина Коладанџело.
Ханкок рече дека и дека „многу му е жал“ за фотографиите со соработничката која што тој самиот ја назначил на позицијата во министерството.
Опозициската Лабуристичка партија побара од премиерот Борис Џонсон да го разреши Ханкок, оценувајќи дека неговото останување на функцијата е „неодржливо“.
„Сан“ објави видео во кое, според таблоидот, Хенкок и Џина биле фатени како се бакнуваат во неговата канцеларија. Снимката е наводно направена минатиот месец.
“Прифаќам дека ги прекршив упатствата за социјална дистанца во овие околности. Разочарав многумина и многу ми е жал”, рече британскиот министер за здравство, цитиран од Sky News.
Лицето кое ги препратило снимките до британскиот таблоид додаде дека е шокантно што Ханкок имал афера среде пандемијата со советничка и пријателка што ја ангажирал користејќи народни пари.
„Тие се обидуваа да го сокријат долго време, но веднаш беше откриено во зградата“, додал изворот.
Поранешен вработен во Министерството за здравство изјави за „Сан“ дека парот имал редовни состаноци и дека е „шокантно што министерот имал афера среде пандемија со советник“.
– Тие се обидоа да го чуваат во тајност, но секој знае што се случува во таа зграда. Изненаден сум што е толку арогантен што го прави тоа додека извршува јавна функција – додава тој.
Мет Хенкок е во брак 15 години и има три деца, а Коладанџело минатата година добила позиција советник, во услови на пандемска криза.