СКАНДАЛ ВО БЕЛГРАД: Се испотепаа деца-хокеари на Ц. Звезда и Партизан (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Хокеарите на Партизан на возраст до 14 години го добија завчерашното вечно дерби против врсниците од Црвена звезда (4-3), меч кој заврши со невидени сцени на овие простори.

Дечињата од двата тима по последниот звук на сирената почнале со брутална тепачка, во која не се знае кој кого удира. Видеото од тепачката го објави уредникот на ТВ „Партизан“, а на кое убаво се гледа како дечињата се однесуваат како возрасни на најлош можен начин.

Српските медиуми потенцираат дека ова не е првпат како младите хокеари на најголемите белградски ривали влегуваат во боксерски-клинч, со оглед што идентични сцени биле видени лани на пресметката на хокеари на двата тима на возраст до 16 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com