Дајен Кингсон (58), мајка на две деца во аферата која ја тресе Англија вели дека била на раб на самоубиство поради сексуално вознемирување во кое биле изложени таа и нејзината ќерка и тоа на нејзиното работно место. Дајен работела како секретарка во амбасадата на Катар во Лондон и вели дека била мета на напади бидејќи не е муслиманка и дека поради тоа сите се однесувале кон неа како да има лесен морал.
Најмногу обвинувања на судот претрпел амбасадорот Фахед ал Мушиари, кој редовно ја носел Дајен во неговиот стан за да џвакаат кат, билка популарна во арапскиот свет и се користи како стимуланс. Тоа го правел надевајќи се дека Дајен сексуално ќе се возбуди и конечно ќе се согласи да спие со него, пишува Дајен во обвинението.
„На работа постојано правеше двосмислени и понижувачки забелешки на моја сметка“, рекла Дајен пред судот.
Дајен вели дека кога сфатил дека Дајен нема да попушти, почнал да ја „мерка“ нејзината 19-годишна ќерка.
„Постојано ѝ се обраќаше со лигав тон и со лигави зборови, ја гушкаше, а мене ме тераше да ги фотографирам“, вели Дајен.
Сето тоа траело четири години. За тоа време Фахед, неколку пати ја носел ќерката на Дајен во Париз и ѝ купувал сè што ќе посака. Во тоа време ќерката била тинејџерка, а тој ѝ предложил и брак само за да може да спие со неа.
Покрај тоа, Дајен сведочела и дека дипломатот Али Ал Харари ја терал на организиран секс, а Дајен постојано ја повикувал да оди со него на патување во Куба.
Дајен во амбасадата работела од 2006 до 2014 година и примала плата од 30.000 фунти годишно.
„Јас бев самохрана мајка на две деца и морав да ја задржам таа работа. Меѓутоа, моето ментално здравје целосно се сруши во тој период и бев на раб на самоубиство“ – рекла Дајен пред судот, а вчера пристигнала и пресудата според која добила отштета од повеќе од 390.000 фунти.
Владата на Катар не се вклучила во судскиот процес, поради што и од таму ќе мора да ѝ платат на Дајен отштета од 7.000 фунти.