Лице кое се претставило како В.Д. амбасадорот на Катар Шеикот Јасим Бин Хамад Ал-Тани наводно предизвикал меѓународен скандал кога заедно со своето обезбедување решил физички да се пресмета со тренерите во Академија Вардар.
Како може да се види од снимката објавена на социјалните мрежи на крајот од тренингот на дечињата кои тренираат во Академијата, Шеикот заедно со своето обезбедување влага на теренот и започнал да ги напаѓа тренерите на Академија Вардар.
Откако родителите кои се таму со своите деца се обидуваат да го спречат тој потоа се пресметува со останатите присутни.
Како што дознаваме еден од тренерите се здобил со неколку удари во главата, а повредени се и дел од родителите. Шеикот со себе носел и метална шипка за која немаме подетални информации дали го употребил.
Неофицијално причината за нападот и „недипломатското“ однесување на Ал-Тани е претходна случка кога еден од тренерите кому впрочем тоа му е работа не бил задоволен од перформансот на теренот на синот на Ал-Тани поочувајќи му дека може да биде многу подобар.
Ваквиот коментар на тренерот го повредил егото на Ал-Тани кој решил физички да се пресметува.
Невиден резил… В.Д. Амбасадорот @QatarEmb_Skopje ги напаѓа тренерите на Академија Вардар со метална шипка затоа што го искарале неговиот син на тренинг. Еден од тренерите е со повреди на главата! @Bujar_O планираш да реагираш?! pic.twitter.com/teadcg043x
— Charles Boycott (@JohnnyParka) June 30, 2022