Шведската десничарска партија Шведски демократи ја суспендирала Ребека Фаленквист откако политичарката објавила деградирачки коментари за Ана Франк.
Во објава на социјалната мрежа Инстаграм, која сега е избришана, таа Ана Франк, меѓудругото ја нарекла „неморална“, пренесуваат шведските медиуми, објавила агенцијата „Анадолија“.
Објавата на Фаленквист, 26-годишна шефица на телевизиските програми за партијата Шведски демократи предизвика остри реакции кај еврејските групи и кај израелскиот амбасадор Зив Нево Кулман кој напиша во порака на Твитер:„силно ја осудувам оваа гнасна навреда, полна непочит кон сеќавањето на Ана Франк“, а притоа приложи како изгледала телефонската снимка на Инстаграм од објавата на шведската пратеничка Факенквист.
Медиумскиот директор на Шведски демократи Оскар Кавали-Вјоркман изјави за швеската новинска агенција ТТ доцна синоќа дека партијата сериозно ги сфаќа „бесчувствителините и непригодни“ коментари на Фаленквист и дека ќе покрене истрага за тоа прашање.
Иако, како што се наведува, нејасно е каква била поентата на политичарката која сакала да ја истакне со своите коментари за „Дневникот на Ана Франк“, сепак таа подоцна за шведскиот весник „Dagens Niheter“ навела дека погрешно е протолкувана.
„Книгата е емотивен приказ на човековото добро и зло. Добрата Ана, која во првите поглавја како и секоја друга млада девојка која го живее својот живот во мир и се интересира за момчиња, се спротивставува на злото на нацизмот. Мојата приказна беше насочена на доброто и човековото во Ана, не потенцирајќи го злото на кое била изложена“, истакнала Фаленквист во својата порака за новинарите.