Еден од најпопуларните фолк пејачи Аца Лукас на промоцијата на неговата дуетска песна со Маја Беровиќ се појави со новата девојка Јована држејќи се за рака. Атрактивната “плавуша“ не ја симнувала насмевката од лицето покажувајќи колку е среќна со фолкерот.
Лукас не можел да се воздржи па цела вечер ја гушкал и бакнувал Јована која задоволно се смешкала.
Инаку, на пејачот можат да му позавидат многу мажи ако се земе в предвид дека неговата нова девојка е вистинска секс бомба.
фото: Н. Томиќ