Бизнисменот Милан Поповиќ добива нови адути во борбата за старателството по последните непромислени постапки на Северина кога е во прашање нивниот син Александар.
Прво. Северина, без грижа на совест, му дала дозвола на сопругот Игор Којиќ да го земе детето откај Поповиќ и самиот да го одведе до манастирот Хиландер во Грција, без тоа да биде најавено во судот. Наводно, патот до манастирот на Хиландер е лош и небезбеден, а има и долго пешачење. Којиќ нема дозвола да го спроведува детето низ две држави и да го внесе во трета.
„Јас бев шокиран кога дознав, и сè уште сум“, рекол Поповиќ, кој за синот дознал од еден новинар.
Исто така иако има забрана да го експонира синот на социјалните мрежи, Северина на Инстаграм објави слика од Александар, а подоцна ја тргна. Во прилог на фотката таа ги ставила стиховите од големиот хит на Оливер Драгоевиќ “Галеб и ја“.