Со настапот на овогодишниот Евросонг во Израел, Мадона предизвика бурни реакции и доби лавина од негативни критики на социјалните мрежи. Горе-доле, сите се сложија, дека настапот од седум минути за која доби повеќе од еден милион долари беше под секое очекување. Едни ја осудија за кореграфијата и повикот за сатанизам, втори за константното фалширање, а трети поради нејзиниот “пластичен“ изглед.
Додека кралицата на попот ја распнуваа на социјалните мрежи, таа се огласи во истиот стил како што тоа го направи и на финалната вечер на Евросонгот . За сите имаше една порака: “Музиката ги здружува луѓето“.
Исто така таа имаше неколку објави и на својот Инстаграм профил.
-Мадам Х има повеќе лица…
-Мадам Х не го слуша злото…
-Мадам Х е борец за слобода. Благодарна сум ви за шансата да ширам порака за мир во светот.
-Животот е мистерија за кои сите сме овде за да ја решиме… Се дел од од нејзините објави на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BxpI00qh5NZ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet