Откако вчера доби казна од скопската пајак службата пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, повторно непрописно го паркираше својот автомобил. Граѓаните го фотографирале неговиот автомобил паркиран на тротоар во околина на Собранието, додека тој извршува обврски на работното место, пренесува 24 инфо.
Пратеникот го наклевети Град Скопје дека пајак службата му работи во спрега со урбаната мафија, откако неговиот автомобил, кој бил погрешно паркиран, бил подигнат од еден пајак.
Град Скопје извести дека пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот. Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.
Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса. За службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.