Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави фотографија со премиерот Ковачевски на која се гледа како двајцата седат на скари додека го чекаат следниот состанок.
Вучиќ напиша дека моментот е како во студентските денови.
-Со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на неговиот Инстаграм профил.