Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера направил инспекција во периодот од 9.05 до 9.25 часот за да провери колку работници на Комунална хигиена има на булеварите Илинден, 8 Септември, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, и на улиците Рузвелтова, Јуриј Гагарин, Московска и Љубљанска.
“Вчера наутро, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски направи инспекција во периодот од 9.05 часот до 9.25 часот со цел да провери колку работници на комунална хигиена има на булеварите Илинден, 8 Септември, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, и улиците Рузвелтова, Јуриј Гагарин, Московска и Љубљанска.
На булевар Илинден затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна американска амбасада, на булевар Теодосиј Гологанов работеше само еден работник кај „Млечен“ и двајца работници спроти Симпо на булевар Партизански одреди кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на комунална хигиена нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме“ – пишува на Фејсбук страната на општина Карпош.