Силвио Орта(45), автор на мега популарната серија ,,Грдата Бети“ е пронајден мртов со прострелна рана во хотелска соба во Мајами. Според порталот Variety се работи за самоубиство, односно, Силвио си пукал во глава.
Инаку, Силвио Орта доби бројни награди за серијата која го засмејуваше светот.
Главната глумица која ја глумеше грдата Бети, Америка Ферера, се прости на Твитер од авторот што ја лансираше во Холивуд.
-Скршено ми е срцето поради Силвио. Неговиот талент мене и на други ни пружи многу радости и уживање, нека почива во мир,-напиша таа.