Кралицата на поп музиката, која за неколку месеци ќе полни 62 години, Мадона, не престанува да ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи, односно, си прави што и е ќеиф.
Имено, таа објави фотографија во долна облека, носејќи потполно провиден градник и црна танга.
„Моментална гардероба. На сите кои се навредени со оваа моја фотографија им давам до знаење дека дипломирав на „University of Zero F*ks Given“. Ви благодарам што дојдовте на мојата церемонија“, напиша Мадона покрај фотографијата.
Меѓутоа, на фановите многу не им се допаднала фотографијата на пејачката.
„Не сакаме ова да го гледаме“, „Жено, собери се“, „Одвратно и непримерно“, се само некои од коментарите.