Меган Маркл го почна првиот работен ангажман по фамозниот „мегзит“, кога таа и нејзиниот сопруг Хари се откажаа од кралските должности.
Принцот Хари на минатогодишната премиера на римејкот на цртаниот филм „Кралот лав“ му се обратил на извршниот директор и му кажал дека неговата жена го позјамува гласот за анимираните филмови.
Инаку, вчера и официјално беше потврдено дека војвотката од Сасекс стана еден од нараторите во дизниевото остварување „Слонови“.
ТВ-каналот Disneynature на својот официјален профил на Твитер објави дека поранешната актерка Меган Маркл ќе биде наратор во ова остварување.