Видео од матурант качен на кров на возило пред хотелот “Александар Палас“ предизвика бурни реакции на Фејсбук.
Матурантот во еден момент му покажа среден прст на полицискиот службеник, а граѓаните се револтирани поради неговата реакција.
-Си мислиш за астронаут завршил, а тој едвај средно. Да сум му родител на детево, ќе му удрам една шлаканица за да го воспитам. Ова е жално, не се знае од која планина е симнат, се само дел од реакциите.
ФОТО: Скриншот Фејсбук