Шпанското село Салто де Кастро во Толедо, кое беше пуштено на продажба пред две недели, продадено е експресно на Оскар Торес кој го купи за 300.000 евра, односно за 40.000 евра повеќе од бараното.
Ова напуштено село кое се состои од 44 куќи, хотел, кафеана, црква, училиште, полициска станица, базен и спортски простор веднаш го привлече интересот на инвеститорите кои понудија 600.000 евра.
– Добивме понуди од Саудиска Арабија, Русија, Бразил, Велика Британија… не контактираа инвеститори од повеќе од 20 земји во светот – изјави агентот од агенцијата што го пушти селото на пазарот.
Меѓутоа, само неколку дена откако е пуштено на продажба, селото било продадено на сограѓанин, за околу 15 отсто повеќе од бараната цена, пренесува Spanishnewstoday.
Торес, кој има повеќе од 20 години искуство во градежништвото, има поддршка од чилеански инвестициски фонд за проект за рурален туризам планиран за напуштено село.
Салто де Кастро се наоѓа на само три часа од Мадрид, а се продаваше по „симболична“ цена поради егзодусот на населението.
Руралниот егзодус во Шпанија во последните децении остави околу 3.000 напуштени градови и многу други со намалено население. Враќањето во живот на овие области е клучен предизвик за шпанските политичари.