Иако денес ретко се одвојува од близнаците Ема и Максимилијан, порано приказната била поинаква, особено кога тие биле мали, а таа на врвот на славата.
Па така, единствениот начин да жонглира помеѓу работните и семејните обврски бил да вработи дадилка.
Меѓутоа, во случајот на Џеј Ло тоа не одело толку лесно, бидејќи пред повеќе од 10 години имала голем проблем да најде соодветна личност која би се грижела за нејзините деца.
Сè започнало во 2008 година кога била во брак со Марк Ентони, а со оглед на тоа што била светска ѕвезда која патува низ светот, воопшто не ѝ било лесно да се грижи за децата.
Била подготвена да им даде голема плата на дадилките
Пред повеќе од една деценија се шпекулираше дека Лопез е подготвена да потроши големи пари за дадилката на близнаците. Се зборуваше дека цифрата била околу 2.250 долари неделно.
И покрај високата плата, за славната пејачка и актерка потрагата по дадилка била невозможна мисија. Се верува дека Џеј Ло им задавала премногу обврски на дадилките и дека работата на крајот била премногу напорна за повеќето од нив.
„Обично луѓето кои заработуваат големи суми на пари и имаат многу професионални и социјални обврски, ангажираат по една дадилка за секое дете, особено ако се новороденчиња. Но Џенифер очекуваше дека една дадилка ќе се грижи за двата близнака, но и дека ќе работи 16 часа дневно, седум дена во неделата!
Се зборува дека првата дадилка издржала само една недела, а иако втората дадилка била одлична, набрзо ѝ станало премногу напорно.
„Вработија уште една дадилка, која беше прекрасна со близнаците, но не можеше да издржи толку долги часови работа без пауза“, рекол изворот.
„Откако и таа даде отказ, двојката очајно почна да бара трета дадилка.“
Џеј Ло никогаш не се занимавала со тој проблем и останала вистински работохоличар. Лопез признала дека овој фактор понекогаш ги лутел децата.
Џенифер признала дека децата ѝ замерувале што е отсутна
Сите забавија поради пандемијата, вклучувајќи ја и Џеј Ло. Одеднаш вечерала заедно со децата, нешто што и самата Лопез признала дека се немало случено долго време.
Лопез открила дека децата ѝ кажувале што не функционира во нивниот однос, како на пример тоа што Лопез постојано работела и поминувала многу време надвор од дома.
Пејачката признала дека тоа променило многу нешта за семејството.
„Им требаме на поинаков начин. Мора да забавиме и мора повеќе да се поврземе. И… не сакам да пропуштам работи. И сфатив, Боже, ќе го пропуштев тоа да не бев денес овде каде што сум“, заклучила Џеј Ло.